Според македонската историја, Самуил е личност со високи политички, дипломатски и воени доблести; цар, владетел, народен водач и војсководец, достоен на угледот и моќта на византискиот цар Василиј Втори. Византискиот историчар од 11-от век Јован Скилица за него пишува дека бил воинствен човек кој не знае да мирува, а Јован Геометер, византиски поет од 10-от век, Самуил го споредува со комета и страшен виор кој гори се пред себе. Византискиот автор Кекавмен му придава карактеристики на генијален војсководец, па вели дека битиката на Беласица се случила во времето кога со нив владеел „извонредниот војсководец Самуил“.