1.0 | 0 | 0А што ако бегството на Михаилова крие поголем скандал?
Курир

Курир

Во врска со заминувањето на Ива Михаилова од Македонија, и покрај изречените судски мерки, се наметнува едно исклучително сериозно прашање кое сакам да го поставам исклучиво како хипотетичка правна и дипломатска дилема . Особено загрижува фактот што, според официјалните информации на Министерството за внатрешни работи од 12 октомври 2026 година, за неа нема евидентиран излез од Македонија, ниту пак, според информациите добиени од бугарската гранична полиција, е регистриран легален влез на бугарска територија. Токму оваа околност отвора дополнителни прашања за начинот на кој ја преминала државната граница, за лицата што евентуално ѝ помогнале и за можноста при тоа да биле злоупотребени одредени институционални овластувања. Што ако се покаже дека во нејзиното изнесување од Македонија било користено службено возило на странска дипломатска мисија?

Комерцијални објави

1.0 | 0 | 0Одложете ја јавната понуда на акции на компаниите за ВИ додека Конгресот не преземе мерки
МКД

МКД

Антропик, компанијата што ги создава моделите за вештачка интелигенција Клод (Claude), се подготвува за иницијална јавна понуда на акции (ИПО), која би можела да биде најголема во историјата, со цел да собере повеќе од 100 милијарди долари, според Њујорк тајмс, при проценета вредност на компанијата од речиси два билиони долари. Според Ројтерс, кој имал увид. Според Ројтерс, кој имал увид во нацртот на пoнудата, документот сè уште не е јавно објавен, компанијата ги предупредува потенцијалните инвеститори дека напредната вештачка интелигенција може да претставува „катастрофален или егзистенцијален ризик за човештвото“ и дека нејзините сопствени модели би можеле да „се спротивстават на исклучувањето“, да „прикриваат или манипулираат со информации“ или да се однесуваат на начин што „наликува на уцена“.

1.0 | 0 | 0„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!
Експрес

Експрес

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ веднаш добива меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД.

1.0 | 0 | 0Реалполитика за мир, идеолошка заслепеност за војна
Курир

1.0 | 0 | 0Адвокат, организатор на бегство или манипулатор со јавноста?
Курир

1.0 | 0 | 0Адвокат, организатор на бегство или манипулатор со јавноста?
Курир