Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„На вкрстените прашања од јавниот обвинител Дарко Јакимовски, вештакот Петре Русески, на денешното рошиште за „Пулс“ во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје остана на ставот дека од градежен аспект објектот на дискотеката не претрпел реконструкција ниту пренамена, туку се работело исклучиво за внатрешно ентериерно уредување.
„Неколку пати кажав дека за овие градежно – занаетчиски работи не е потребна документација или одобрение кои ги пропишува законот.
„Ова го тврдам бидејќи нема интервенција на конструкцијата на објектот, туку се работи за негово внатрешно уредување“, изјави техничкиот советник на одбранат, Русески.