Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Имајќи предвид дека осомничениот, мерката притвор, определена во предметот „Пулс“, ја издржуваше во КПУ Затвор Куманово, со оглед да првично му беше определена од Основниот суд Кочани, сега истиот ќе биде префрлен на издржување на ново определената мерка притвор во Затвор Скопје, согласно Правилникот за спровод и издржување на определените мерки за обезбедување присуство.
„Во однос на предлогот на одбраната на Д.Ј. за укинување на претходно определената мерка притвор во предметот „Пулс“, со определување гаранција во износ од околу 200.000 евра во недвижен имот, истата од страна на одбраната денеска е повлечена, а со оглед да согласно Законските одредби овој притвор може да трае една година по оценување на обвинителниот акт, истиот истекува во текот на утрешниот ден.
Прочитајте исто така: https://kanal77.mk/nova-istraga-za-gazda-deko-a-za-dva-dena-trebashe-da-izleze-od-pritvor/ Освен тоа, од Обвинителството посочуваат, дека понудените недвижности во голем дел се состојат од помошни простории, објекти, шупи, плевна, а кои претходно биле бесправни објекти и тој имот, при евентуална потреба, исклучително тешко ќе може да биде впаричен, а секако не во висина на износот на кој е проценет.
„Едногодишниот притвор на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко во предметот за пожарот во „Пулс“, му истекува утре, што претставува законски максимум од денот на оценување на обвинението.