Тимот градежни вештаци, од Градежниот факултет при УКИМ, кои учествувале во изработката… Тимот градежни вештаци, од Градежниот факултет при УКИМ, кои учествувале во изработката на градежното вештачење на Обвинителството, на денешното рочиште во судницата во „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, одговараа на прашања на Обвинителството за градежните зафати и материјали вградени во самиот објект, разликите во исполнување на минимално технички услови за добивање лиценца меѓу кабаре и ноќен клуб, за пријавите за проверка на овие услови во текот на годините, обврската и надлежностите за проверка… Судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во време на изработка на градежното вештачење бил декан на Градежниот факултет, одговарајќи на прашања, рече дека има три надворешни елементи што директно укажуваат на пренамена на објектот. Тоа се надворешните скали, натстрешникот над нив и информативната табла над влезот во клубот. Овде сакам да дополнам, во врска со таблата.