„Пет земји обезбедуваат околу 74% од вкупниот увоз на пиво и тоа Полска (22,5%), Србија (19,5%), Романија (11,8%), Грција (10,6%) и Германија (9,2%). По цена, највисока просечна цена по литар увезено пиво има од Ирска (2,1 евро/л), Мексико (1,64 евра/л) и Словенија (1,19 евра/л), додека најниска Полска (0,56 евра/л), Србија (0,59 евра/л) и Црна Гора (0,59 евра/л). Извозот на пиво е релативно стабилен и се движи околу 6,4 милиони литри годишно, додека за три години увозот е зголемен за 25,3%, од 10 милиони литри во 2022, на 12,6 милиони литри во 2025 година.