„Раст бележат и сончогледот (+8,7%), јачменот (+5,4%) и пиперките (+4,5%). Најголем пад, од над 70 проценти има кај леќата од 84 засадени хектари во 2015 на 24 хектари во 2025, а од економски поважните култури кај оризот (-38,5%), пченката (-15,2%) и пченицата (-10,9%). Намалување имаат и посевите под грав (-25%) и краставици (-11,4%). Пченицата за десет години има загубено над 8 илјади хектари, од 73.979 хектари посеви во 2015, е намалена на 65.925 хектари во 2025 година.