Во последните десет години земјоделската површина во Македонија е намалена за речиси… Во последните десет години земјоделската површина во Македонија е намалена за речиси 2,5 %, од 1.264.408 хектари во 2015 на 1.233.099 хектари во 2025 година. Иако речиси половина, односно приближно 48 % од вкупната територија на државата е земјоделска површина, 40 проценти од неа е обработлива, а 60 отсто се пасишта. Во структурата на обработливото земјиште доминираат ораниците и бавчите со 80 %, ливадите учествуваат со 12 %, лозјата со 4 %, а овоштарниците со 3-4 %. Во периодот 2015 – 2025 нема значајни структурни промени; најголемо зголемување има кај овоштарниците (+ 0,3-процентни поени), а мало намалување кај лозјата (- 0,2-проценти поени), покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.