Најмалку 22 лица се повредени во синоќешниот руски напад врз Харков, меѓу кои и осум деца, додека во Киев се повредени четири лица, соопштија украинските власти. Во Харков, нападот погодил станбена зграда во населбата Салтивка, при што биле уништени два ката, објави „Укринформ“. Според градоначалникот на Харков, Игор Терехов, бројот на повредени се искачил на 22, додека претходно беше пријавено дека се повредени 16 лица.