Најмалку четири лица загинаа, а седум беа повредени денеска во руски напад извршен преку ден врз киевскиот кварт Соломјански, соопшти воената управа на градот Киев. Но, според градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко, бројот на загинати се искачил на седум лица, додека уште 57 други луѓе се повредени. Во нападите биле оштетени две повеќекатни станбени згради, здравствена установа, како и други објекти, изјави Кличко.