Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Во Општина Ранковце денес беше отворена подрачна канцеларија на Центарот за социјална работа Крива Паланка, која овозможува полесен пристап до услуги и права од социјална заштита за жителите на општината.
„Во Општина Ранковце денес беше отворена подрачна канцеларија на Центарот за социјална работа Крива Паланка, со што за првпат на жителите на оваа општина им се овозможува полесен и подостапен пристап до услугите и правата од социјална заштита . На отворањето присуствуваа министерот за социјална политика , демографија и млади, Ѓоко Велковски, градоначалникот на Општина Ранковце, Даниел Павловски и директорката на Центарот за социјална работа Крива Паланка.