Се наоѓаме повторно денеска на два нови проекти коишто, со вклучен данок на додадена вредност, се отприлика околу 100 милиони денари — два проекти коишто имаат за цел да го олеснат начинот на функционирање на жителите од овие населени места, посочи премиерот Христијан Мицкоски. Од друга страна, кога ќе биде изградена оваа спортска сала, да можат оние коишто таа спортска сала ќе ја користат — а тоа се учениците од ова основно училиште — да можат да другаруваат, да го градат својот спортски дух и на тој начин да растат во, би рекол, подобри личности, бидејќи во спортот секогаш духот е најбитен, натпреварувачкиот дух од една страна, од друга страна како личности, рече тој. Премиерот ја изрази својата голема благодарност до градоначалникот на Општина Карпош, до советниците од Советот на Општина Карпош коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, се заблагодари и на администрацијата, бидејќи без администрацијата овие проекти не можат да бидат подготвени за да бидат потоа и финансирани.