Во рамки на програмата „Welcome to Macedonia“, во организација на Фондацијата Институт… Во рамки на програмата „Welcome to Macedonia“, во организација на Фондацијата Институт за социо-економски развој „Академија ABC“ – Струмица, Општина Струмица вчера беше домаќин на амбасадорите на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен и Црна Гора, Зоран Миљаниќ, како и на почесниот конзул на Република Перу, Ненад Јаниќевиќ, соопштија вечерва од локалната самоуправа. На средбата биле презентирани економските и инвестициските потенцијали на Општината, земјоделството и прехранбената индустрија, културното и историското наследство, Струмичкиот карневал, туристичките можности, како и современите развојни приоритети на Струмица поврзани со инфраструктурата, зелената агенда, дигитализацијата и примената на вештачката интелигенција. Посебен акцент беше ставен на можностите за воспоставување и продлабочување на меѓународната соработка во повеќе области – економија и инвестиции, земјоделство и современи технологии, култура и образование, туризам, зелени технологии, дигитализација и вештачка интелигенција, како и соработка на локално ниво и заедничко аплицирање и користење на европски и други меѓународни фондови, се наведува во соопштението.