Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Унапредувањето на соработката во земјоделството и трговијата со земјоделски и прехранбени производи беше тема на денешната официјална средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, со министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Република Косово, Арменд Муја.
Министерот Муја ја нагласи важноста на систематски пристап во билатералната соработка, со кој заедничките приоритети ќе се преточат во континуирана работа на надлежните служби и стручна размена меѓу двете министерства.
„„Наш приоритет е да ја зајакнеме и структурираме соработката меѓу двете министерства, со редовни институционални контакти и јасни канали на комуникација, истовремено унапредувајќи ја соработката во областа на безбедноста на храната, усогласувањето на сертификатите и стандардите и европската интеграција“, рече министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Република Косово, Арменд Муја.
Министерот Серафимовски истакнал дека близината на пазарите и потенцијалот на земјоделството создаваат основа за продлабочување на економските односи меѓу двете држави преку посилна институционална соработка, поголема трговска размена и долгорочни партнерства меѓу производителите и компаниите од прехранбениот сектор.
„За нашите земјоделци и компании, предвидливите услови за трговија се важни за сигурен пласман и планирање на производството.