Правосудниот систем во Македонија се соочува со сериозни проблеми поради недоволното финансирање, недостигот од кадар и политичките влијанија, реагираат од Либерално-демократската партија (ЛДП), повикувајќи се на единаесеттиот Извештај во сенка за Поглавјето 23 на Институтот за европска политика (ЕПИ). Од партијата посочуваат дека 18 од вкупно 34 судови се неажурни, има над 134.000 нерешени предмети, а одредени обвинителства функционираат без … Правосудниот систем во Македонија се соочува со сериозни проблеми поради недоволното финансирање, недостигот од кадар и политичките влијанија, реагираат од Либерално-демократската партија (ЛДП), повикувајќи се на единаесеттиот Извештај во сенка за Поглавјето 23 на Институтот за европска политика (ЕПИ). Од партијата посочуваат дека 18 од вкупно 34 судови се неажурни, има над 134.000 нерешени предмети, а одредени обвинителства функционираат без ниту еден јавен обвинител. Од ЛДП критикуваат дека за судската власт се издвојуваат само 0,26 проценти од бруто-домашниот производ, наместо законски предвидените 0,8 проценти. Како дополнителен проблем го посочуваат поништувањето на огласот за прием на 130 кандидати во Академијата за судии и јавни обвинители поради необезбедени средства од Министерството за финансии.