Денес стоиме пред историјатa на еден народ кој низ вековите поминал низ премногу искушенија, премногу неправди, премрежија, но никогаш не се откажал од своето право да биде слободен, да биде свој, да има сопствен дом и сопствена држава, истакна претседателот на Владата Христијан Мицкоски во обраќањето на свечената академија по повод Денот на народното востание. Денес стоиме пред историјатa на еден народ кој низ вековите поминал низ премногу искушенија, премногу неправди, премрежија, но никогаш не се откажал од своето право да биде слободен, да биде свој, да има сопствен дом и сопствена држава, истакна претседателот на Владата Христијан Мицкоски во обраќањето на свечената академија по повод Денот на народното востание – 11 Октомври, која се одржува на Спомен-костурницата во Куманово под слоганот „Идеали што градат иднина“. Како што рече, стоиме пред историјата на државата – земја која не ја добила слободата на подарок, чија државност не е производ на случајност, ниту, пак, нашето постоење е инцидент и земја чие постоење не е резултат на туѓа милост, туку на генерации кои, рече, имале храброст да се спротивстават на неправдата, да го победат стравот и да го направат невозможното возможно.