Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Одбележувањето на 11 Октомври во Прилеп, градот од каде што започна вооруженото востание во 1941 година, претставува потсетување на историското значење на борбата против фашизмот и на жртвата на генерациите кои се изборија за слободата.
„Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по повод 11 Октомври- Денот на народното востание, денеска во Прилеп положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифоски-Питу и на Могилата на непобедените, оддавајќи им почит на сите оние кои се бореле против фашизмот и придонеле за создавањето на македонската држава.
Во Скопје, во Собранието ќе бидат доделени годинашните награди „11 Октомври“.
„Наградата за животно дело во областа на културата и уметноста ќе му се додели на писателот проф. д-р Венко Андоновски.
За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети.
„Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.
Денеска се бориме за подобар животен стандард, за повеќе работни места, за просперитет, за сигурна и стабилна иднина на сите наши генерации.
„Слава на сите борци за слободна Македонија!
МИА.
„На 11 Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ и Денот на борецот, се одбележува почетокот на организираната вооружена борба против фашизмот во Македонија во Втората светска војна.
Востанието прерасна во Народноослободителна борба, низ која, со крв, саможртва и непоколебливост на знајни и незнајни јунаци, се трасираше патот кон АСНОМ.
„Со собир и положување на цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОВ, во Гостивар утрово беше одбележан празникот 11 Октомври, Ден на народното востание и Ден на борецот.
На денешен ден 1941 година борците на Првиот прилепски партизански одред извршиле напад врз бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа.
„Со овој чин бил означен почетокот на востанието против фашизмот на македонскиот народ во Втората светска војна и ослободување на окупираната земја.