Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, истакна дека пораката од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, јасно ги демантира тврдењата на домашната опозиција и Филипче дека Владата не спроведува реформи. Пораката од претседателката на Европската Комисија беше многу јасна и децидна, која го демантира ова што го зборува домашната опозиција - рече Мицкоски во синоќешното гостување на телевизијата „Алсат М“. Мицкоски посочи дека Фон дер Лајен ја оценила работата на Владата како импресивна, што, според него, претставува исклучително силна позитивна оценка. Таа вели вие правите импресивна работа, тоа, ќе се согласите, ,претставува највисоко ниво на суперлатив и ќе се согласите дека таква реторика немаше на претходните дестинации што таа ги посети.