Опозицијата и медиуми блиски до неа не ја говорат вистината и се обидуваат да искривуваат. Јас кажав дека имавме исклучително квалитетен, содржаен, пријателски состанок и дека сето она кое во иднина претставува посветеност лична и посветеност на ЕУ, мотивира да продолжиме по патот на реформите и така и ќе продолжиме во периодот кој што следи, рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање од пуштање во употреба на детска градинка во Теарце. Претседателката Фон Дер Лајен, како никогаш досега кажа дека оваа Влада прави инспиративна работа, еве да ја цитирам, за реформите и за сето она кое што е посветено на приклучување на државата кон ЕУ. Така што, јас очекувам дека во периодот кој што следи, конечно ќе можеме сите ние да го интензивираме овој процес и да најдеме решение од ситуацијата во која се наоѓаме, рече Мицкоски.