Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Општина Карпош денеска беше домаќин на Неговото Блаженство Господин Господин Стефан, поглавар на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, кој беше пречекан од градоначалникот Сотир Лукровски.
„На средбата се разговараше за состојбите во локалната заедница, состојбата на верските објекти на територијата на Општина Карпош, како и за значењето на духовноста, вербата и меѓусебната почит во градењето сплотена и солидарна заедница.
Општина Карпош останува посветена на градењето заедница заснована на почит, дијалог, духовност и заеднички човечки вредности, информира Општина Карпош.
„ ▷ Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, денеска ја посетил Општина Карпош и имал средба со градоначалникот Сотир Лукровски, на која, како што наведува Општината во соопштение, разговарале за состојбите во локалната заедница, состојбата на верските објекти на територијата на Општина Карпош, како и за значењето на духовноста, вербата и меѓусебната почит во градењето сплотена и солидарна заедница.