„Истовремено од Судот информираа дека: „Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 75-ѓ став 1 и став 12, член 76-д став 5 и член 78-а став 4 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 40/2006, 136/2008, 148/2008, 155/2008, 163/2008, 33/2011, 51/2011, 142/2012, 31/2013, 34/2013, 14/2014, 30/2014, 196/2015, 35/2016, 97/2016, 99/2016, 136/2016, 142/2016, 67/2017, 125/2017, 35/2018, 99/2018, 140/2018, 208/2018, 27/2019 и „Службен весник на Република Македонија“ бр.98/2019, 42/2020, 74/2021, 58/2024 и 76/2024). Мнозинството судии го имаше предвид фактот дека Уставниот суд веќе одлучувал по однос на оспорените одредби, како и прашањето дали постојат околности што би можеле да бидат основ за поинакво одлучување.