„Да, Врховниот суд ги укина пресудите за несреќата во Ласкарци и за поранешниот градоначалник – Стевче… „Да, Врховниот суд ги укина пресудите за несреќата во Ласкарци и за поранешниот градоначалник – Стевче Јакимовски за општинската зграда во Карпош и предметите ги врати на повторно судење. Ова само значи дека Врховниот суд, полека, почнува да ја враќа довербата во судството и правосудниот систем и покрај Пресудите на Основниот и Апелациониот суд во Скопје, да пресуди на начин на кој смета дека е законски исправно и праведно! Покажува независност во своето работење и авторитет како највисок суд во земјава“, смета адвокатот Владо Бангиевски за најновите судски одлуки кои ја брануваат јавноста.