Забрзан прием, отворање на европскиот пазар, зголемена финансиска поддршка, укинување на роамингот,… Забрзан прием, отворање на европскиот пазар, зголемена финансиска поддршка, укинување на роамингот, но сè си има цена. Во пакетот реформи на Европската унија се предвидуваат и доста нови и рестриктивни мерки, кои можат новите земји членки да ги сведат на држави од втор ред во Унијата. Па така, според нацрт-документот на еврокомесарката за проширување, Марта Кос, по позитивните мерки, како морковот, следува и стапот – откажување од правото на вето и финансиски рестрикции доколку новата членка има проблеми со владеењето на правото.