Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Општина Илинден целосно ја реконструираше улица „9“ во населеното место Илинден, капитален… Општина Илинден целосно ја реконструираше улица „9“ во населеното место Илинден, капитален инфраструктурен проект од суштинско значење за подобрување на сообраќајната поврзаност, безбедноста и квалитетот на живот на граѓаните.
„Како што информираат од Општина Илинден, со реконструкцијата на улицата во должина од околу 1.200 метри и широчина од 6 метри, со изградбата на тротоари од двете страни, како и со уредување на водоводната и канализационата мрежа и останатата подземна инсталација, се заокружува еден капитален инфраструктурен зафат со кој се унапредуваат условите за одвивање на сообраќајот и движење на пешаците.