Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Со асфалтирањето на улицата значително ќе се подобри пристапноста до локалната економска зона, ќе се создадат услови за побезбедно и поефикасно одвивање на сообраќајот, а компаниите и стопанските субјекти ќе добијат подобри услови за непречено функционирање.
„Општина Илинден интензивно продолжува со реализација на активностите за реконструкција, рехабилитација и изградба на локалната патна инфраструктура, во согласност со утврдените приоритети и потребите на граѓаните, при што е извршено асфалтирање на дел од улица „3“ во н.м Дељадровци, во вкупна должина од 350 метри.
„Продолжуваме со реализација на проекти кои се од директно значење за граѓаните и за подобрување на условите за живеење во сите населени места.
„Реконструкцијата на локалните улици е еден од нашите приоритети, а и во наредниот период ќе продолжиме со санација и унапредување на патната инфраструктура, согласно потребите и приоритетите на граѓаните“, истакна градоначалникот Георгиевски, кој изврши увид во тековните активности.