На иницијатива на градоначалникот Тони Коњановски, денес во Општина Битола се одржа првата седница на Координативното тело за следење на имплементацијата на Локалниот еколошки акционен план (ЛЕАП) на Општина Битола, формирано на 7 ми јули со Одлука на Советот на општината. Целта на координативното тело е да обезбеди континуирано и координирано следење на реализацијата на мерките и активностите предвидени со ЛЕАП, размена на информации и податоци, утврдување на степенот на реализација, како и предлагање мерки за надминување на утврдените предизвици. Во составот на телото вклучени се 11 членови, меѓу кои: градоначалникот, претставници на надлежните сектори од општинската администрација, советници од Советот на Општина Битола, директори на јавни претпријатија и претставници на граѓански здруженија.