Во Битола денес се одржа втората работна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) за Пелагонискиот и Југозападниот регион, посветена на напредокот во регионалниот систем за управување со отпад и подготовката на новиот Регионален план за управување со отпад (РПУО) за периодот 2027–2032. На седницата беше презентирана и дискутирана нацрт-верзијата на новиот РПУО, Во Битола денес се одржа втората работна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) за Пелагонискиот и Југозападниот регион, посветена на напредокот во регионалниот систем за управување со отпад и подготовката на новиот Регионален план за управување со отпад (РПУО) за периодот 2027–2032. На седницата беше презентирана и дискутирана нацрт-верзијата на новиот РПУО, вклучително и приоритетите препознаени во процесот на планирање врзани со инфраструктурата, селекцијата на отпад, затворањето на ѓубриштата и нестандардните депонии како и обврските за општините кои претстојат во наредните шест години од имплементацијата на РПУО.