„1.0 | 0 | 0Повеќе од пет години по најавата дека целосно ќе ја промени својата стратегија и ќе се насочи исклучиво кон електрични автомобили од премиум сегментот, Jaguar конечно го претстави серискиот Type 01. Новиот модел, кој го заработи епитетот контроверзен кога беше објавен неговиот концепт, означува почеток на новата ера за британската марка и претставува директен обид … Повеќе од пет години по најавата дека целосно ќе ја промени својата стратегија и ќе се насочи исклучиво кон електрични автомобили од премиум сегментот, Jaguar конечно го претстави серискиот Type 01. Новиот модел, кој го заработи епитетот контроверзен кога беше објавен неговиот концепт, означува почеток на новата ера за британската марка и претставува директен обид да им конкурира на Bentley и Rolls-Royce, наместо на традиционалните германски премиум производители.
Новиот Jaguar Type 01 беше претставен во Њујорк, речиси две години по дебито на концептот Type 00, кој предизвика сериозни реакции во светот на автомобилите и кој го најави радикалниот нов дизајнерски правец на компанијата.