Гренланд и Антарктикот изгубиле повеќе од 12 трилиони тони мраз од 1979 година, покажува новата студија заснована на сателитски податоци. Според истражувањето објавено во списанието „Scientifik data“, пренесено од американските медиуми, вкупното топење изнесувало околу 12,5 милијарди тони мраз, или 11,3 милијарди метрички тони. Околу пет шестини од загубата на мраз не се должи на директно затоплување на воздухот, туку на потопла морска вода што ги еродира ледените плочи од дното и страните, поттикнувајќи ги глечерите да се влеваат во океаните.