Русија беше подготвена да ги продолжи разговорите со Киев по изборите, но Украина се обиде да ја нападне Москва и ги таргетираше избирачките места, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Како што додаде, режимот во Киев мора да разбере дека секое ескалирање на ситуацијата нема да доведе до ништо добро, туку само ќе ја влоши ситуацијата. Украинската страна претходно ги прекина разговорите во Истанбул, а неколку недели пред изборите објави дека е подготвена да ги продолжи, рече Путин, според руските медиуми.