Европската Унија бара Велика Британија да ги зголеми царините за кинеските автомобили и да ја усогласи својата трговска политика со на ЕУ, со цел да се избегнат ограничувањата за британскиот извоз, кои произлегуваат од стратегијата „Произведено во Европа“ (Made in Europe), јави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на два неименувани извори. Како одговор на барањата на Лондон за еднаков третман за британските стоки, ЕУ посочи дека најдоброто решение би било Велика Британија да се приклучи кон царинската унија на ЕУ. Царинската унија би ги решила повеќето проблеми поврзани со „Произведено во Европа“, како и прашањето за разликите во царините што предизвикуваат загриженост дека кинеските компании би можеле да ги заобиколат европските царини преку насочување на нивните стоки преку Велика Британија, изјави претставник на ЕУ за „Фајненшл тајмс“. Велика Британија изјави дека самостојно ги одредува своите трговски мерки и тоа исклучиво врз основа на економските интереси на земјата и нејзината индустрија.