Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Лидерите на ЕУ го завршија денешниот самит во Брисел без договор за буџетот, со нов дефицит од 70 милијарди евра во финансирањето на Украина и отворени конфликти во врска со енергијата и миграцијата, но и со нова решеност да се воспостават нови инструменти за трговска заштита со цел Унијата да се спротивстави на Кина, објавува „Јуроњуз“.
Лидерите на Европската Унија денеска во Брисел разговараат за начините на кои Европа може да го ограничи растот на кинескиот извоз, да ги намали високите цени на енергијата и да ја заштити сопствената индустрија од сè посилната конкуренција.
„На дводневниот самит, што се одржува на 15 и 16 октомври, на маса се и идниот буџет.