ти Септември (вчера), ден кој за Лила Филиповска почнува поразлично од сите останати, ден со многу поголема возбуда, трепет на душата и срце полно љубов каква не е ниедна друга – мајчинската. Пред 32 години Лила стана мајка и на свет го донесе нејзинот единствен, нејзиниот најсакан – синот Филип кој вчеравечер го прослави својот јубилеен роденден. А како и секоја година, така и оваа, мама прочепка низ старите албуми за да го извади од нафталин она што го чува како највредно и најголемо богатство - спомените на мајката со својот единец, фотографии од некогаш, па се до поново време.