Американскиот актер Кевин Костнер (71) поттикна гласини дека е во врска со 31 година помлада лајфстајл тренерка. Наводниот пар изгледал „исклучително близок“ во Санта Барбара, Калифорнија „Дејли мејл“ дошол до фотографии од славниот актер и 40-годишната Џенифер Милбурн, кои биле забележани во локален супермаркет, каде што, според очевидци, купиле житарки, сок од грејпфрут, стекови и зеленчук. Милбурн за излегувањето избрала краток шорц, бела кошула со долги ракави и влечки, додека Костнер носел бела поло-маица и панталони во иста боја.