Веста дека по сопругата на пејачот Мустафа Сандал, поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, е распишана потерница ја изненади турската јавност. Во рамките на голема истрага за финансиски малверзации што ја води Обвинителството во Истанбул, издаден е налог за апсење и распишана е потерница по Мелис Суцуруп Сандал – 19 години помладата сопруга на познатиот турски пејач Мустафа Сандал, поранешен сопруг на Емина Јаховиќ, како и по нејзиниот татко Џихан Суцуруп. Покрај налогот за лишување од слобода, турските правосудни органи наредиле и целосна блокада и замрзнување на целиот имот и банкарските сметки на таткото и ќерката.