Манекенката Ева Херцигова се појавила на еден гала-настан и ги воодушевила сите присутни со изборот на својата модна комбинација. Навистина, таа била и останала една од најубавите топ-модели од 90-тите години. Имено гала-вечерата на Фондацијата на принцот Алберт Втори од Монако синоќа собра бројни ѕвезди, а чешката манекенка Ева Херцигова, која неодамна се омажила по 25 години врска, блеснала на овој настан, додека класичната елеганција со доза сексапил била главната одлика на нејзината модна комбинација.