Данецот ја затресе мрежата на Португалија и порача: „Ова беше само мала посвета за човекот кој веројатно ја заврши репрезентативната кариера“ Целиот свет зборува за Кристијано Роналдо, аферата во португалската репрезентација е главна фудбалска вест и се чини дека така ќе биде уште некое време. Така беше и синоќа во Копенхаген, каде што Португалија во третото коло од Лигата на нации ја совлада Данска со 4:2, а натпреварот го одбележа и фудбалерот на домашната селекција, Расмус Хојлунд, кој постигна гол и го прослави во стилот на Роналдо. Данскиот напаѓач во 53. минута ја затресе мрежата на противникот и во тој момент го израмни резултатот на 2:2. Следуваше прослава, карактеристичен скок во стилот на Роналдо, ширење на рацете и неизбежното „Сиииууу“.