Дизајнот е инспириран од големиот јубилеј – 65 години од основањето на клубот, години испол Дизајнот е инспириран од големиот јубилеј – 65 години од основањето на клубот, години исполнети со големи победи, европски трофеи и генерации ракометари кои го испишаа името на Вардар во историјата, и на македонскиот и на европскиот ракомет. Во новата сезона, на гостински терен Вардар ќе настапува во дрес со кој тимот потсетува на најсветлите моменти во историјата на клубот и на трофеите кои низ годините ги прославуваа заедно тимот и неговите верни навивачи. Јубилејниот дрес наскоро ќе биде достапен и во официјална продажба, овозможувајќи им на сите вардарци, навивачи и симпатизери да го носат клубот со себе и да бидат дел од новите предизвици во сезоната 2026/27. Вардар денес требаше да го одигра натпреварот против Динамо Панчево, но мечот е официјално одложен.