Кирил Лазаров е светски ракометен бренд кој ја претстави Македонија на најдобар можен начин за време на играчката кариера, а како најдобар амбасадор на овој спорт, реши да се посвети целосно на репрезентацијата и македонскиот ракомет и како тренер и селектор Легендарниот бек веќе неколку години се справува со улога на македонски селектор и тренер на амбициозниот Алкалоид, па како човек кој дал многу и се уште дава многу за Македонија, во ексклузивното интервју за „Балкан Хендбол“ вели дека треба да добива голема почит во нашата земја. Љубовта кон татковината и ракометот како спорт го натераа Лазаров да остане дел од националниот тим и по крајот на играчката кариера, а тоа го направи во период кога репрезентацијата доживуваше огромна транзиција и кога работите изгледаа навистина хаотично. Да не сум Македонец, немаше да се вратам да работам во Македонија.