Манчестер Сити повторно е во центарот на најголемиот финансиски скандал што англискиот фудбал некогаш го видел, а додека се проценуваат последиците од одлуката клубот да биде прогласен за виновен за 114 од вкупно 115 прекршувања на финансиските правила на Премиер лигата, во преден план се врати човек без кого голем дел од оваа приказна веројатно. Манчестер Сити повторно е во центарот на најголемиот финансиски скандал што англискиот фудбал некогаш го видел, а додека се проценуваат последиците од одлуката клубот да биде прогласен за виновен за 114 од вкупно 115 прекршувања на финансиските правила на Премиер лигата, во преден план се врати човек без кого голем дел од оваа приказна веројатно никогаш немаше да стигне до фудбалските и судските институции. Се вика Руи Пинто, Португалец кој живее на чудната граница помеѓу информатор, хакер, активист и осуден човек повеќе од една деценија, а чии документи отворија прозорец кон дел од фудбалскиот свет кој со години остана далеку од очите на јавноста.