Франција оствари победа против Турција на дебито на Зинедин Зидан како селектор на националниот тим, но за жал оваа пресметка ќе остане во сеќавање и на повредата која ја заработи најголемата ѕвезда на „триколорите“ Мбапе со повредата која ја заработи го вклучи алармот и истиот експресно се активираше во Мадрид, па откако пристигна информација дека напаѓачот експресно ќе биде испратен за шпанската престолнина, за очекување е во наредните 48 часа да подлегне на детални прегледи. Килијан се повреди во моментите кога испрати шут кој заврши во мрежата на Турција, па така наместо да се радува, мораше да бара медицинска помош и да го напушти теренот. Mbappé in a lot of pain 🥴 Get well soon, Kylian 🙏 🎥 @Metecann https://t.co/n9GRcd4ttC — 433 (@433) Мбапе испрати јасни сигнали дека има проблем со левото колено, а француската Федерација по крајот на натпреварот извести дека се работи за повреда на тетивата на коленото.