Барселона одигра уште еден ефикасен меч и забележа нова победа во шпанската Примера, овојпат против Леванте во Валенсија. Каталонците славеа со 4-2 во натпревар во кој одново покажаа дефанзивни слабости, примија лесни голови, но од друга страна нападот функционираше и се дојде до 21 сезонски гол со што шампионот е далеку најефикасна екипа во лигата. Еден од моменти кој ја одбележа оваа победа се случи во вториот дел кога Барса доби удар од 11 метри и кога се очекуваше Рафиња да ја преземе одговорноста и истиот го изведе како прв изведувач, Ламин Јамал ја зема топката и погоди.