Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
На трибината се обратија претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Ана Данева, претседателка на Комисијата за здравство на СДСМ и гинеколог, Даниела Николова, пратеничка и членка на Комисијата за образование и наука, Стефан Васев, член на Комисијата за труд и социјална политика и член на Европската асоцијација на сексолози, и Стефанија Кузмановска, претседателка на СДММ.
„Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека образованието мора да се темели на научно засновани факти и да им обезбеди на младите квалитетно знаење и соодветна институционална поддршка, посочувајќи дека денес Владата наметнува политики спротивни на потребите на младите и го ограничува нивниот пристап до едукација за здравјето, психофизичкиот развој и градењето здрави меѓучовечки односи.