„" Завршена е реконструкцијата на уличната мрежа на улица Алумина во село Милетино во вредност од 5,4 милиони денари, понатаму на улицата Стариот пат исто така во Милетино 7,1 милион денари, понатаму на улицата Горни Челопек во село Челопек 6 милиони денари, понатаму исто така имаме улица којашто оди од Челопек преку Фарма до мост на Вардар 6,6 милиони денари, улицата Вардар во населба Радијовце, 5 милиони денари, улицата Кочо Рацин во Долно Седларце 6,8 милиони денари, а во вториот повик имаме завршена реконструкција на улица Стадион во село Теново 7,8 милиони денари, завршена реконструкција дополнителна на улица Браќа Јаниќ 7,4 милиони денари, завршена реконструкција во село Челопек на дополнителни улици 7,4 милиони денари, реконструкција на улици во Нова населба во Челопек 5,4 милиони денари, завршена реконструкција на општински пат 1 во Челопек 4,1 милион денари, понатаму реконструкција на улица Пив во село Милетино 8,3 милиони денари, улица во Богиште во Челопек 9,1 милион денари, а во подготовка е и реконструкција на Браќа Степановиќ во вредност од 9,1 милион денари.