Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Додаде дека научните конференции, како што е оваа, што ја органзира Институтот за македонски јазик, се значајни особено денес „кога начините на комуникација бргу се менуваат, кога дигитализацијата создава нови облици на употреба на јазикот и кога контактот меѓу јазиците и културите е поголем од кога било досега“.
„„Собранието на Република Македонија ја поддржува работата на научните институции, вклучително и на Институтот за македонски јазик ‘Крсте Мисирков’, како и на сите други научни образовни и културни институции што придонесуваат за зајакнување на националниот идентитет на македонскиот народ и на другите идентитети што се градат со векови во нашата држава“, рече претседателот на Собранието на отворањето на 11. Отворени денови на македонскиот јазик.