Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Државната изборна комисија на 19. седница едногласно ги утврди содржината, изгледот и… Државната изборна комисија на 19. седница едногласно ги утврди содржината, изгледот и заштитата на гласачкото ливче за Ппедвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година.
„Од ДИК информираат дека со цел зачувување на доверливоста на изборниот материјал и заштита на интегритетот на изборниот процес, преку утврдување на специфичните видливи и невидливи безбедносни елементи на ливчето, оваа точка се одвивала на затворена седница во согласност со соодветните одредби од Изборниот законик и член 33 од Деловникот на Комисијата.
Согласно член 33 од Деловникот и соодветните одредби од Изборниот законик, Комисијата по оваа точка дискутираше на затворена седница без присуство на јавноста, со цел зачувување на доверливоста на изборниот материјал и заштита на интегритетот на изборниот процес, преку утврдување на специфичните видливи и невидливи безбедносни елементи на ливчето.
„„При дефинирањето на содржината на гласачкото ливче беа целосно применети законските норми, според кои материјалот се печати на македонски јазик и неговото кирилско писмо, а во согласност со застапеноста на заедниците во Општина Брвеница, и на службениот јазик и писмо што го употребуваат најмалку 20% од граѓаните во таа општина, како и на јазикот и писмото на заедницата на која ѝ припаѓаат кандидатите.
„При дефинирањето на содржината на гласачкото ливче беа целосно применети законските норми, според кои материјалот се печати на македонски јазик и неговото кирилско писмо, а во согласност со застапеноста на заедниците во Општина Брвеница, и на службениот јазик и писмо што го употребуваат најмалку 20% од граѓаните во таа општина, како и на јазикот и писмото на заедницата на која ѝ припаѓаат кандидатите.
„Редоследот на кандидатите и нивните подносители е според утврдената единствена листа на кандидати, а самиот главен дел од ливчето ги содржи називот со името на општината, бројот на гласачкото место, името и симболот на подносителот, како и редниот број, името и презимето на кандидатите.