Договорот за вселената од 1967 година, парафиран и од САД и од Кина, предвидува дека небесните тела како Месечината треба да се користат „исклучиво за мирни цели“ Американските вооружени сили треба да се подготват за борбени дејствија не само во орбитата околу Земјата, туку и околу Месечината, изјави висок воен советник на претседателот Доналд Трамп, Договорот за вселената од 1967 година, парафиран и од САД и од Кина, предвидува дека небесните тела како Месечината треба да се користат „исклучиво за мирни цели“ Американските вооружени сили треба да се подготват за борбени дејствија не само во орбитата околу Земјата, туку и околу Месечината, изјави висок воен советник на претседателот Доналд Трамп, навестувајќи нов фронт на воените дејствија откако САД за првпат открија дека имаат распоредено оружје во вселената. Генералот Ден Кејн, претседател на Здружениот комитет на началниците на штабовите, пред воени лица и претставници на наменската индустрија на конференцијата „Воздух, вселена и кибер-простор“ изјави дека американските вооружени сили треба уште сега да се приспособат за да бидат „подготвени да се борат, да издржат и да победат, од морското дно до просторот меѓу Земјата и Месечината“. „Човештвото навлегува сè подлабоко во вселената, а задачата на Вселенските сили е да помогнат во подготвеноста за заштита на интересите на САД“, изјави пред новинарите генерал-потполковник Грегори Гањон, раководител на Командата за борбени операции на тој армиски род.