Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Илјада пациенти со канцер на дојка се дијагностицирани минатата година и во овој момент на активен третман на Клиниката за радиотерапија и онкологија се 7.000 заболени, истакнаа на Зружението „Хема-Онко“ на настанот, што го организираа денеска на Клиниката, а е посветен на пациентите, здравствените работници и заедничкото градење подобра и Илјада пациенти со канцер на дојка се дијагностицирани минатата година и во овој момент на активен третман на Клиниката за радиотерапија и онкологија се 7.000 заболени, истакнаа на Зружението „Хема-Онко“ на настанот, што го организираа денеска на Клиниката, а е посветен на пациентите, здравствените работници и заедничкото градење подобра и посеопфатна онколошка грижа насловен „Појадок со Хема-Онко“.
На прашање колку чекаат пациентите кога ќе дојдат да примат терапија со оглед на тоа дека на социјалните мрежи пациенти постојано реагираат дека ќе дојдат изутрина на Клиниката, а ќе завршат попладне со терапијата, тој рече дека тоа зависи од терапијата и дека различни терапии различна должина имаат.
„Во врска со тоа што со години се говори за процес на дисперзија (децентрализација) на онколошката терапија во Градската општа болница „8 Септември“, Битола и во Штип, тој посочува дека планирано е дисперзијата да е во неколку фази.
Дека е проблем – да, постои, значи и сами можете да видите, истакна проф.д-р Стојковски.
„На новинарско прашање за тоа како ќе го решат проблемот со прекинот во доставувањето на терапијата, што неколку пати се случуваше и дека пациентите се загрижени, рече дека можат да дадат укажување на веледрогеријата, односно дистрибутерот ги знае консеквенците кои се, кои ги има со доцнењето кај пациентите.