Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, предупредува дека Предлог-законот за изменување на Законот за животната средина враќа назад важни механизми за заштита на животната средина, отворајќи можности за бесконечни реконструкции на загадувачки индустриски капацитети, штетни последици по контаминирани локации и ограничување на учеството на граѓаните во постапките. Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев , на денешната собраниска седница посочи на три клучни проблеми во Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина, со кој, како што истакна, се враќаат назад дел од механизмите за заштита на животната средина воспоставени во 2022 година. Јанчев посочи дека со предложените измени повторно се овозможува реконструкција на инсталации од тешка загадувачка Г1 индустрија на растојание помало од пет километри од населени места.