Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Стопанската комора денеска ќе ги презентира своите предлози за измени на Законот за празниците, во насока на оптимизирање на бројот на неработни денови и зголемување на продуктивноста и економската ефикасност.
На прес-конференцијата на тема „Празниците во Македонија и нивното влијание врз економијата“, Комората ќе ја претстави анализата на постојниот систем на празници во државата.
„Ќе биде презентирана и споредба на бројот на неработни денови по основ на државни празници во земјава и во други европски земји во текот на 2026 година.